Не знаете што да облечете? Овие две славни убавици имаат одлични идеи!

Точка

18/01/2018

12:53

2.341

Големина на фонт

а а а

Без оглед на тоа дали се спремате за некоја важна деловна средба, состанок или кафе со пријателките, двете славни дами и поранешни мисици одлично ќе ви послужат како модна инспирација.

Едната е Оливија Кулпо, поранешна мис Америка, а другата е Пријанка Чопра, поранешна Мис на светот, а денес успешна актерка. Двете убавици се одлучиле за потполно црна, односно црно-бела комбинација која е одлично "разбиена" со црвен детаљ во облик на чанта. 


Преубавата Индијка Пријанка Чопра го искомбинирала својот бел џемпер со долго кожно здолниште и високи црни чизми, а изгледот го надополнила со бујни локни и нежна шминка.



Од друга страна, Оливија се облекла од глава до пети во црна боја, а станува збор за темни џинс панталони кои се најавени како еден од водечките пролетни трендови и ролка со долги ракави и интересни златни детали.


Големата црна чанта и кожните чизми биле сосема доволни за Кулпо одлично да ја заокружи оваа дневна комбинација која може да се носи и во вечерните пригоди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk