Канје ѝ забрани на Ким да носи еден детаљ без кој не можат многу жени на светот

Точка

13/01/2018

13:58

3.030

Големина на фонт

а а а

Не е тајна дека Канје Вест обожува да управува со својата сопруга, барем кога е во прашање модата.

Откако се заедно, раперот одредува што ќе носи најпознатата старлета на светот. Тој најпрвин ѝ ги исфрлил старите парчиња облека од ормарот, а откако почна да дизајнира, Ким буквално не излегува од неговите креации. 



Но, егоцентричниот рапер сега отишол еден чекор понапред, забранувајќи ѝ на својата сопруга еден детаљ без кој не може ниту една жена.

Станува збор за големите очила за сонце кои Ким ги обожува, односно ги обожувала.


“Канје ми испрати мејл во кој пишуваше дека не смеам да носам големи очила. Тој ми испрати милион фотографии од очила со мали рамки”, рекла Ким во последната епизода од реалното шоу “Keeping Up With The Kardashians”.


Сега предвид доаѓаат само очилата со мали рамки, а убавата старлета повеќе нема да може да го носи својот омилен акцесоар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk