Пејачката признала дека го удира своето дете по задникот – родителите ја нападнале за физичко малтретирање

Точка

12/01/2018

14:10

2.031

Големина на фонт

а а а

Доколку постои една позната “мама” која не се плаши да ја каже вистината, тогаш тоа е пејачката Кели Кларксон.

Таа неодамна признала дека ја удира својата тригодишна ќерка по задникот кога тоа е потребно. Нормално, нејзината изјава веднаш предизвикала контроверзии бидејќи многу родители ја нападнале за физичко малтретирање на детето. 

Кели е горда мајка на четири деца. Таа со сопругот Брендон заедно имаат две деца – тригодишното девојче Ривер Роуз и едногодишното момче Ремингтон, а пејачката е маќеа и на децата на Брендон од минатата врска – Савана и Сет.

“Никогаш не преоѓам на нешто повеќе од еден удар по задникот и под тоа не подразбирам употреба на сила”, признала 35-годишната пејачка во едно неодамнешно интервју и додала дека прво ја предупредува својата ќерка да престане со своето однесување.

Познатата мајка исто така изјавила дека и таа како дете била воспитувана на истиот начин и дека не гледа ништо лошо во тоа:

“Тоа е многу незгодна работа кога сте во јавност бидејќи луѓето веднаш почнуваат да осудуваат, но јас сметам дека нема ништо лошо во удирањето по задникот доколку тоа е потребно. И мојата мајка понекогаш ме удираше по задникот, па јас испаднав добра личност”, изјавила пејачката.

И додека едни застанале на нејзина страна, се појавиле и родители кои веднаш го осудиле ваквото однесување, нарекувајќи го “физичко малтретирање”. Ваквиот начин на воспитување засекогаш ќе остане “жешка тема” која предизвикува расправа помеѓу родителите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk