Неодоливо издание: Анџелина во романтичниот бел фустан повторно докажа колку ѝ годи разводот

Точка

12/01/2018

12:35

2.507

Големина на фонт

а а а

Актерката во последно време навистина блеска.

По две години брак и вкупно 12 години врска, Анџелина Џоли се разведе од актерот Бред Пит кон крајот на 2016 година. Во изминатите неколку месеци, таа повторно стана гостин на бројните свечени настани и речиси секојпат воодушевува со своите гламурозни изданија. 


Ништо поинаку не било ниту на вчерашното доделување на наградите “Critics’ Choice”, каде Џоли се појавила во романтичен бел фустан и сиви кадифени салонки.


42-годишната убавица навикнавме да ја гледаме во нејзината омилена црна боја, па затоа ова издание е вистинско изненадување и освежување. Нејзиниот заштитен знак – црвениот кармин ниту овојпат не изостанал и совршено го заокружил гламурозниот изглед.


Тесниот фустан со голи рамена, пердуви и висок прорез го потпишува британскиот луксузен бренд “Ralph & Russo”. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk