Цветови, срциња или квадрати? Она што го чкртате од здодевност кажува многу за вашата личност

Точка

12/01/2018

11:05

1.758

Големина на фонт

а а а

Додека разговарате по телефон или присуствувате на некој состанок, често знае да се случи да цртате различни облици во нотесот.

Сепак, она што делува како бесмислица открива многу за нас, сметаат експертите. Графологот Трејси Трасел ги анализирала најчестите облици и нивното значење и еве што открила:

Кругови

Цртањето на кругови покажува потреба личноста некаде да припаѓа, да сака и да биде сакана.


Квадрати

Лицата кои цртаат квадрати се приземни, практични и конструктивни.

Триаголници

Овој облик покажува динамична, моќна и амбициозна природа.

Срце

Ова е една од најчестите “чкртки”. Срцето е симбол на љубовта и романтиката, а неговото цртање покажува дека личноста има сентиментална природа.


Мрежи

Цртањето на мрежи укажува на промислена личност која знае како да ги привлече луѓето околу себе.

Цветови

Кога цветовите имаат голем круг во средината, тоа значи дека сте полни со самодоверба и покажуваат дека сте личност која ужива во добро друштво. Внимателно нацртани цветови укажуваат на опсесивно-компулсивна личност.

Спирали

Личностите кои цртаат спирали имаат потреба од постојана промена во животот. Тие исто така се многу креативни и секогаш се трудат да “растат” и да напредуваат во животот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk