Иако знае да пее, добриот моден вкус не е нејзината силна страна

Точка

11/01/2018

16:46

989

Големина на фонт

а а а

Станува збор за кубанско-американската пејачка Камила Кабело позади која е турбулентна, но многу успешна година.

Откако излезе од женската група “Fifth Harmony”, симпатичната Камила започна соло кариера која се покажа како полн погодок. 


Нејзиниот голем хит “Havana” сè уште ги освојува музичките топ листи, а убавицата полека, но сигурно ги освои срцата на слушателите ширум светот.


Меѓутоа, таа сè уште го нема освоено срцето на модниот свет бидејќи Камила често се појавува во лоши комбинации.

Во многу изданија досега, таа изгледа како нејзината облека да е “нафрлана”, а често се спојуваат и разни бои, материјали, стилови и сето тоа не изгледа онака како што би требало.


Во текот на вчерашното излегување од студиото на “Tonight Show”, пејачката покажала моден невкус, а модните експерти се надеваат дека некој наскоро ќе ја посоветува како правилно да ги комбинира парчињата облека.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk