Тие повторно го освоија црвениот тепих: Дали ова е најубавиот холивудски пар?

Точка

11/01/2018

15:40

2.126

Големина на фонт

а а а

Музичко-актерскиот пар кој го сочинуваат актерката Џесика Бил и пејачот Џастин Тимберлејк секогаш привлекува големо внимание на црвениот тепих, а тоа не било поинаку ниту пред неколку дена.

Секако, зборуваме за доделувањето на престижните “Златни глобуси”, на кои заљубениот пар повторно блескал. 


Само за потсетување, Бил и Тимберлејк се заедно од јануари 2007 година, а во декември 2011 година, Џастин клекна пред убавата актерка.

Италијанскиот Фасано послужи како идеална дестинација за кажување на судбоносното да, а синот Силас Рандал пристигна во 2015 година како круна на нивната љубов.


Џесика, на црвениот тепих се појавила во прекрасна тоалета со потпис на “Dior”, а денес е при врвот на листата на најдобро облечени славни дами. Истовремено, нејзиниот сопруг кој неодамна повторно се врати на музичката сцена, блескал во црно елегантно одело.


Едно е сигурно – и по 10 заеднички години, Џесика и Џастин изгледаат подеднакво заљубено како и првиот ден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk