Стив Џобс објаснил зошто "iPhone" се произведува во Кина, а сега неговиот наследник објаснил дека причината не е евтината работна сила

Точка

15/12/2017

11:37

3.841

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на компанијата "Apple", Тим Кук, објаснил зошто повеќето производи на таа компанија и натаму се произведуваат во Кина.

"Постои забуна во врска со Кина. Тоа е мое мислење. Популарната концепција е таа дека компанијата оди во Кина поради евтината работна сила. Не знам во кои делови од Кина одат другите, но Кина престана да биде земја со евтина работна сила пред многу години", рекол тој на Глобалниот форум кој го организирал "Fortune Magazine"

Тој рекол дека компанијата "Apple" произведува во Кина поради големиот број на вешти луѓе на едно место.

"Производите кои ние ги правиме бараат напреден начин на користење на алати и прецизност и работа со материјали кои се како уметнички дела. Во САД можеме да организираме состанок со инженери за работа со такви алати и не знам дали тие би пополниле една просторија. Во Кина би пополниле цели фудбалски стадиони", рекол тој.

Како што истакнал, станува збор за голема стручност и за неа го пофалил кинескиот образовен систем.

Тој рекол и дека многу држави сфатиле дека треба да се огледаат на Кина во тој поглед.

Претходно и основачот на "Apple", Стив Џобс, му објаснувал на Обама зошто многу работни места во таа компанија ги пополнуваат жители на Кина, а не САД. Тој укажал на бројните предности во кинеското масовно производство, како што се големиот број на фабрики, каде работниците работат по шест дена во неделата, често до 12 часа дневно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг