Сакате да работите во SpaceX на Илон Маск? Еве што треба да поминете за да го остварите тоа

Точка

12/12/2017

18:50

2.272

Големина на фонт

а а а

Поранешен вработен во SpaceX открива што се треба да помине еден кандидат пред да добие договор за работа во една од најмоќните компании на светот.

Работата за визионерската компанија SpaceX која што претежно работи во сферата на вселенските истражувања и развој на ракетна технологија, често може да биде исклучително напредна. Тоа е процес кој што всушност започнува од моментот кога кандидатот го испраќа своето CV во компанијата на американскиот милијардер Илон Маск.

Џош Боем во разговор за "Business Insider" раскажа како изгледа процесот на прием на работа во SpaceX и што се треба да очекуваат кандидатите.

„SpaceX има многу строга политика. Илон Маск и Гвејн Шотвел од врвот па се надолу во хиерархијата сакаат да имаат врвни таленти. Навистина е многу тешко да се доведат тука луѓе и да се вметнат во тимот“, раскажува Боем.


Според зборовите на Боем, еве како изгледал процесот на работување во SpaceX во периодот од 2013-та до 2016-та година.

Тимовите во човечки рерусрси имаат стотици апликации кои што мора детално да ги прегледаат. Потоа, апликантите имаат од два до четири телефонски разговори чија што цел е утврдување дали секој кандидат вреди да биде повикан на интервју во живо.

Кандидатите кои што ќе бидат повикани на дополнително интервју во живо се доведуваат во кампусот на SpaceX, каде што мора да минат цел ден и да бидат интервјуирани од сите надележни во секторите. Потоа следуваат интервјуа кои што траат од седум до осум часа, а на половина од денот, кандидатите имаат пауза за ручек која што можат да ја искористат и за разгледување на фабриката. Потоа следува втората фаза од интервјуирањето.


Можеби една од најважните работи е тоа што доколку само еден од лицата задолжени за интервјуирање, а во процесот ги има голем број на такви лица, одлучи дека кандидатот не е подготвен за работа во SpaceX, тогаш тој веднаш се исклучува од процесот. На пример ако на еден од 15 луѓе кои што ќе ве интервјуираат „не му се допаднете“, тогаш нема да добиете работа.

Боем во SpaceX работел и по 12 часа дневно, но не жали за тоа. Тој вели дека доколку не основал сопствена компанија, и натаму би работел таму: „Да имам повеќе од 24 часа дневно, би сакал да работам таму. Тоа е одлична работна околина“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг