6 природни состојки кои никогаш не би смееле да ги ставите на вашето лице

Точка

18/11/2017

15:04

1.743

Големина на фонт

а а а

Иако се чини дека она што е здраво за вашиот организам е автоматски добро и за вашето лице, некои од природните намирници можат да ѝ наштетат на кожата.

Доколку имате константни проблеми со кожата како акни, сува кожа, дамки или црвенило, најдобро би било да се советувате со вашиот дерматолог за состојките кои можете да ги користите. 

Во продолжение, списанието “Woman’s Health” има листа од 6 природни состојки кои честопати знаат да предизвикаат кожни проблеми.

Лимонов сок

Можеби сте слушнале дека лимоновиот сок може да се користи како природен тоник за лице, кој помага во борба против акните или темните дамки на лицето. Но, дерматологот Мона Гохара предупредува дека ова не е добро за кожата на лицето поради лимонската киселина која може да ја промени pH вредноста на кожата и да предизвика иритации.


Мајонез

Во ниту еден случај мајонезот не може да ја замени кремата за сува кожа. Иако оваа намирница нема никакво директно влијание, таа може да ги затне порите и со тоа да предизвика акни.

Медицински алкохол

Логично е да мислите дека можете да го елиминирате проблемот со масната или комбинираната кожа со помош на алкохол, но тоа не е точно. Со користење на алкохол ќе ги отстраните и есенцијалните липиди, протеини и масти кои го сочинуваат заштитниот слој на кожата, а тоа ќе ја направи вашата кожа подложна на иритации.


Сода бикарбона

Оваа намирница често се споменува како добар пилинг во борбата против акните, но содата како алкална намирница исто така ја менува pH вредноста на кожата.

Свежи јајца

Некои препорачуваат користење на свежа белка за намалување на порите и маснотиите на кожата, но иако можеби ефектот е одличен, треба да внимавате на бактеријата салмонела која јајцето може да ја содржи.


Цимет

Дерматологот Гохара предупредува дека многу од пациентите се пожалиле на иритации и пецкања по користење на маска со цимет. Иако циметот е одличен во комбинација со мед, тој ја нарушува pH вредноста на кожата и може да предизвика чешање и црвенило.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk