Во чест на олимпијката Ибтихај Мухамад е изработена првата барбика со хиџаб во историјата

Точка

17/11/2017

14:34

1.260

Големина на фонт

а а а

Американската компанија “Mattel” ќе произведе барбика чија инспирација е Ибтихај Мухамад, олимпијката со хиџаб.

“Mattel” најавил дека првата барбика со хиџаб ќе се појави следната година, а истата е дел од линијата “Shero” (збор кој е составен од зборовите “she” (таа) и “hero” (херој), а работена е по модел на американската претставничка во мечување.


Корисниците на социјалните мрежи го поздравиле овој потег како важен чекор кон рамноправната застапеност.

“Конечно во 2017 година имаме барбика со хиџаб, која се презива Мухамад”, изјавил Касим Рашид, активист за заштита на човековите права.

Мухамад присуствувала на доделувањето на наградите за жени на годината, организирано од страна на списанието “Glamour”, каде изјавила дека се чувствувала отфрлено поради тоа што е спортистка со хиџаб.

Таа е воедно и првата спортистка со хиџаб која ја претставувала Америка на Олимписките игри.


Сонот е остварен

Таа изјавила дека нозете, поради кои била отфрлана како дете, ѝ го донеле олимпискиот медал. Поради тоа, таа барала од компанијата да произведат барбика со покрупни и атлетски нозе.

“Горда сум што знам дека девојчињата ќе можат да си играат со ваква барбика. Мојот сон од детството е остварен”, напишала Мухамад на социјалната мрежа “Twitter”.

Во март оваа година, една спортска компанија со седиште во САД направила посебна колекција за спортистки со хиџаб, а минатата година во Италија, една модна куќа изработила колекција за муслиманки кои одлучиле да носат хиџаб.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk