Дали вашата врска е при крај? 3 важни љубовни прашања кои го откриваат одговорот

Точка

17/11/2017

13:14

1.079

Големина на фонт

а а а

Знаеме дека секој љубовен однос има свои подеми и падови, но доколку потврдно одговорите на следните прашања, вашата врска е на “стаклени нозе”.

Долго сте во врска, но имате чувство како нешто да недостасува? Не очекувајте дека ситуацијата ќе се реши сама од себе, туку признајте дека имате проблем и пробајте да го решите истиот.  

Но, пред тоа одговорете на трите важни прашања кои ќе ви откријат дали вашата врска е при крај.


Дали често се расправате?

Кога ќе слушнеме дека кавгите се добри за врската, секогаш се прашуваме како нешто што предизвикува размена на бесни коментари и излив на негативни емоции може да биде добро за било што. Малите расправии можат да го подобрат односот и да го откријат проблемот, но доколку истите се чести, прашање е колку таквиот однос ќе трае. Честите расправии се знак дека нешто не е во ред со вашата комуникација и интересите кои ги имате во животот.


Дали сексот станува сè поредок?

Колку секс навистина ви е потребно, зависи од индивидуалните афинитети на секој партнер. Сепак, доколку сексот драстично се намалил, можеби е време да ја преиспитате вашата врска. Паровите кои имаат чести сексуални односи се позадоволни и чувствуваат блискост и доверба во партнерот.

Дали го земате партнерот здраво за готово?

Доколку ви е поважно како се однесувате кон новиот познаник отколку кон својот партнер бидејќи знаете дека секако ќе ви прости, вие се соочувате со голем проблем. Во еден момент, таквиот третман ќе му здодее на вашиот партнер и раскинувањето ќе биде една од главните опции. Колку и долго да сте заедно, почитта е нешто кое никогаш не треба да го скратите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk