Совршен контраст: Неколку начини како да носите здолниште и џемпер во студените денови

Точка

12/10/2017

15:44

1.821

Големина на фонт

а а а

Есента е време кога секоја жена сака топли и удобни парчиња облека, а истовремено да изгледа шик.

Токму овој ефект се добива со комбинација на симпатично здолниште и меко плетиво. Во продолжение, ви прикажуваме неколку совршени комбинации во случај доколку ви е потребна инспирација. 

Вовлечете го краткиот џемпер во вашето омилено здолниште, по можност кожно. Овој изглед е навистина секси и интересен.


Широкиот џемпер и миди лелеавото здолниште се полн погодок. Ваквата комбинација е лежерна и удобна, но истовремено и модерна.


Краткото лелеаво здолниште и џемпер со стандардна должина ќе ви обезбеди изглед на девојка од колеџ. Зошто да не?


Доколку сакате да постигнете провокативен изглед а воедно и да ви биде топло, искомбинирајте го вашето здолниште и џемпер со чизми над колената.


Воочливата портокалова и златна боја ќе ви обезбедат вистински есенски изглед. Лежерно вовлечете дел од џемперот со цел да го откриете контурите на телото.


Доколку сакате тесни миди здолништа, најдобар начин да ги носите е да го вовлечете џемперот и со појас да го истакнете струкот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk