Внимавајте: Ова се најзлобните и “најрасипаните” хороскопски знаци

Точка

12/10/2017

13:38

5.102

Големина на фонт

а а а

Хороскопот и хороскопскиот знак на кој припаѓате може многу да каже за вашиот карактер, изглед, доблести и маани.

Но, постои и хороскоп кој без влакна на јазикот ќе ви открие кои се најзлобните знаци според астрологијата и ѕвездите. 

Овен

Овните мислат дека се секогаш во право и не сакаат да ги слушаат другите ниту туѓите мислења. Штом некој друг ќе започне да зборува, тие губат интерес за разговор.

Бик

На многу Бикови им одговараат следните карактеристики – тврдоглави и разгалени, а во желбата за успех тие газат сè пред себе.


Близнаци

Близнаците се склони на двојна игра, иако тоa никогаш никој не би го кажале за нив од прва. Исто така, тие долго паметат доколку некој им замери и се склони кон одмазди.

Лав

Лавовите по природа се полни со самодоверба, па затоа сакаат светот да се врти околу нив. Кога ќе сфатат дека не оди така, тие стануваат непријатни. Со други зборови, најмногу си се воодушевуваат сами на себе.

Вага

Станува збор за луѓе кои се често површни, плитки и опседнати со својот изглед.


Шкорпија

Шкорпијата се смета за најбесрамниот хороскопски знак, а знае да биде и немилосрдна кога ќе “фати некого на пик”.

Јарец

Доколку си имате работа со Јарец, веројатно си имате работа со прилично студена личност која сака сè да има под контрола. Со нив ретко кога знаете на што сте, но секоја чест на исклучоците.

Риба

Рибите по природа не се зли, но знаат да бидат непријатни кога нешто не е по нивно. Тие често знаат да бидат и пасивно-агресивни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk