Ќе се изненадите: Кои четири работи ги посакуваат мажите во креветот?

Точка

10/10/2017

16:00

5.015

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате да го импресионирате, не ви е потребна романтична атмосфера, сензуална музика, ниту преголем труд.

Мажите ги сакаат следните четири работи во креветот: 

Ентузијазам

Мажите сакаат некој кој е подеднакво заинтересиран за секс како и тие. Ништо не е толку заводливо како ентузијазам во сексот – тој може да го надмине и совршениот изглед. Затоа бидете отворени за нови идеи – некои новитети во креветот можат да го освежат вашиот сексуален живот. Што сте поактивни во сексот, толку сте попривлечни. Покажете му дека уживате.


Самодоверба

Мажите сакаат некој кој не се срами да се соблече во осветлена просторија. Престанете да го покривате телото. Не е потребно да повториме дека мажите се визуелни суштества и дека сакаат да ги гледаат своите партнерки. Самодовербата е најсексапилната особина на секоја девојка.

Бидете спонтани

За сексот не е потребна идеална атмосфера. Бидете спонтани и спремни да испробате секс на нови места без премногу планирање.


Упатете му комплименти

Обично се смета дека комплиментите се наменети само за жени и дека тие се оние на кои им треба охрабрување за изгледот, но и мажите имаат свои несигурности. Кажете му што сакате на него и кои негови потези најмногу ве возбудуваат. Секој маж сака да знае дека го поседува она што ја привлекува жената.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk