4 сигурни знаци дека користите погрешни мејкап производи

Точка

10/10/2017

11:20

1.425

Големина на фонт

а а а

Главната цел на мејкап производите е да ги прикрие сите недостатоци на кожата и да го подобри целокупниот изглед. Доколку не ја исполнува таа задача, тогаш е време да ја промените и да купите нови производи кои повеќе ќе ви одговараат.

Следниве знаци покажуваат дека користите погрешни мејкап производи: 

Пудра која изгледа вештачки

Нема ништо полошо од видливи линии од пудра на рабовите од лицето која е потполно поинаква нијанса од вашиот врат. Ова е еден од најчестите мејкап проблеми поради кои жените често и се откажуваат од пудра. Потребно е да одвоите време за да ја пронајдете совршената нијанса, а за тоа секогаш можете да побарате совет од професионалците кои работат во дрогериите.


Маскара која се рони

Добрата маскара треба да остане на вашите трепки цел ден без да остави црни траги околу вашите очи. Доколку маскарата се рони и се размачкува, време е да вложите пари во некоја поквалитетна маскара.

Коректор кој не прекрива

Главната поента на коректорот е да ги прикрие темните кругови околу очите и другите недостатоци на кожата. Доколку вашиот коректор брзо бледнее од кожата и само се насобира во линиите околу очите, тоа е знак дека ви треба нов производ.


Пудра која не прекрива несовршености

Додека сте млади, пудрата ви е потребна за изедначување на тенот и прикривање на акните. Но, како стареете, делови од кожата попримаат црвенкаста нијанса и доаѓа до дисколорација поради која ви е потребна пудра која ќе ги прекрие сите маани. Користете погуста формула која ќе остане на вашето лице во текот на целиот ден.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk