Метеоролозите предвидуваат пеколна Европа: Топлинските бранови како Луцифер ќе бидат вообичаена појава...

Точка

27/09/2017

16:04

7.150

Големина на фонт

а а а

Големите горештини кои што ова лето ги донесе топлотниот бран „Луцифер“, до 2050-та година ќе станат вообичаена појава во јужните делови на европскиот континент.

Здружението на меѓународни научници кои што соработуваат на заедничкиот проект наречен "World Weather Attribution", велат дека големите горештини ќе станат нешто вообичаено во Европа.

Топлотните бранови како што ова лето беше „Луцифер“ кој што во текот на август донесе температури поголеми од 40 степени Целзиусови во јужна и источна Европа, разгорувајќи шумски пожари и одземајќи голем број на животи, веќе сеа се четири пати почести отколку тоа што било случај пред стотина години.

„На почетокот на 1900-та година, жешките лета како летото што е зад нас биле навистина ретка појава“, вели Герт Јан Ван Олденборг, научник од холандскиот Кралски метеоролошки институт и додава: „Во јужна Европа многу поголеми се шансите ваквите топлотни бранови да станат правило секое лето“.


Делови од јужна и источна Европа ова лето беа погодени од топлотниот бран „Луцифер“ кој што донесе температури од над 40 степени Целзиусови. Најкритично беше во Хрватска каде што температурите беа највисоки, а не беше поштедена ниту Македонија.

Научниците уште во јануари утврдија дека температурите ширум светот достигнале рекордна бројка веќе трета година поред, а според податоците на "WWA" од 1950-та година, интензитетот на топлотните бранови во Европа се зголемил за еден до два Целзиусови степени.

Анализата потврдила дека топлотните бранови во Европа зачестуваат, а само на југот на Европа зачестиле за 10 пати повеќе. Само во текот на „Луцифер“, во Италија бројот на итни случаи пораснал за 15 проценти, а во најкритичните и најтопли денови во Хрватска, во одредени градови бил забележан пораст на итните повици за неверојатни 150%.


„Климатските промени жестоко влијаат на заедниците во местата и градовите веќе сега, па заедничките планови би можеле да спасат многу животи“, вели научникот и член на "WWA", Роберт Ваутард и додава:

„Многу е важно градските власти да започнат да соработуваат со научниците и експертите за јавно здравство за да се смисли акциски план за делување во ваквите екстремни ситуации“, Изјави Ваутард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг