9 знаци дека на вашето тело му недостига витамин Б12

Точка

13/09/2017

16:50

1.655

Големина на фонт

а а а

Витаминот Б12 (цијанокобаламин) е витамин од групата Б, кој е растворлив во вода. Сите животни и луѓе имаат потреба од овој витамин додека билките немаат потреба од неговото делување.

Витаминот Б12 во организмот го регулира формирањето на крвните зрнца, а недостатокот на овој витамин доведува до пернициозна анемија и дефицит од крвни зрнца.  

Исто така, овој витамин делува врз зголеменото производство на енергија, го поттикнува растот и долгиот животен век на клетките и е неопходен за правилно функционирање на дигестивниот систем. Прехранбените извори на витаминот Б12 вклучуваат млеко и млечни производи, квасец, пилешко, јајца, туна, лосос и многу други намирници.

Еве кои се 9-те симптоми на дефицит од витаминот Б12:

Умор – уморот е еден од првите знаци дека ви недостасува витаминот Б12, бидејќи тој витамин им помага на црвените крвни зрнца во пренесување на кислородот до органите. Доколку на вашите клетки им недостига кислород, вие ќе се чувствувате уморно без оглед на тоа колку долго спиете.


Болка во мускулите – причината е иста – кога вашите клетки немаат доволно кислород, мускулите брзо се исцрпуваат.

Необични сензации – најчестиот симптом на дефицит на Б12 е трпнење во рацете или нозете.

Заборавеност – многу жени кај кои е дијагностициран недостиг од витаминот Б12 имале чести моменти на заборавеност, поради што сметале дека патат од Алцхајмерова болест.

Промени во расположението – потиштеноста е дефинитивно еден од симптомите на дефицит од витаминот Б12, иако лекарите не знаат со сигурност зошто е тоа така, но сметаат дека одговорот е поврзан со лачењето на серотонин и допамин.

Вртоглавица – една турска студија покажала дека пациентите кои се жалеле на вртоглавица имале 40% помалку витамин Б12 во однос на здравите доброволци.


Жолтеникава боја на кожа – кога им недостасува витамин Б12, клетките го пропуштаат пигментот билирубин кој е одговорен за жолтеникавата боја на кожата.

Мазен и црвен јазик – речиси половина од луѓето кај кои е воспоставен дефицит од витаминот Б12 имаат недостиг од папили (малите бели топчиња на јазикот). Папилите на јазикот се задолжени за вкусот, па затоа лицата кои имаат недостиг од овој витамин не го чувствуваат вкусот на храната, а последицата од тоа е губење на килограмите.

Проблеми со видот – во екстремни случаи, недостатокот од Б12 може да предизвика чувствителност на светло, па дури и губење на видот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk