Во што се најдобри? 7 (не)познати занимливости за личностите родени во септември

Точка

13/09/2017

15:27

842

Големина на фонт

а а а

Личностите кои се родени во септември имаат неколку заеднички карактеристики, а во продолжение ви ги претставуваме најинтересните занимливости.

Се раѓаат како ситни бебиња – септемвриските деца најчесто се раѓаат со мала тежина.

Најчесто запишуваат престижни школи – според истражувањата, луѓето кои се родени во септември побрзо се развиваат во раното детство. Исто така, постои 20 отсто поголема шанса тие своите успеси од училишните клупи да ги продолжат на некои од најелитните факултети. 


Повисоки се од останатите – во споредба со останатите, оние кои се родени во септември во просек се повисоки. Дел од тоа е поврзано со големата количина на витаминот Д на кој се изложени мајките во последните месеци од бременоста.

Спортски типови – оние кои се родени во месецот септември имаат физички предиспозиции за бавење со спорт.

Нивниот цвет на раѓање е астер – симболот на силната љубов, астерот, е цвет на оние кои се родени во септември.


Поотпорни на астма – истражувањата покажале дека луѓето кои се родени во есен се најчесто алергични на јајца, кикирики и млеко. Меѓутоа, тие се многу поотпорни на астма.

Можат да доживеат 100 години – луѓето кои се родени помеѓу септември и декември живеат и преку 100 години. Тоа го потврдила студијата која ја спровел универзитетот во Чикаго. Една од причините е тоа што тие по раѓањето се изложени на разни сезонски инфекции кои го зајакнуваат имунитетот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk