Венчалниот лист ништо не им значи: 5 славни дами кои не сакаат брак

Точка

13/09/2017

12:24

1.839

Големина на фонт

а а а

На некои дами, бракот им е на листата на приоритети, а некои за брачната заедница не ни сакаат да чујат. Во продолжение, прочитајте кои познати дами не сакаат да се венчаат и зошто.

Познатата американска продуцентка Шонда Рајмс вели дека отсекогаш знаела дека сака да биде мајка. Исто така, таа знаела и дека не сака да се омажи. 

“Застанав зад своите ставови и реков дека не сакам да се венчам. Го кажав тоа гласно. Го кажав на своето семејство, на пријателите. Тоа никогаш не бил мојот сон”, вели таа.

“Мораш тоа да го сакаш, а доколку не го сакаш, сите се прашуваат што не е во ред со тебе. Јас уште од својата петта година знаев дека ќе имам деца. Но, никогаш не сакав да се омажам, никогаш не бев заинтересирана за брак”, вели Шонда.

Опра е една од дамите која го споделила моментот кога сфатила дека не сака да се венча. Тоа се случило во моментот кога нејзиниот долгогодишен партнер Стедман Грахам ја запросил. Познатата водителка тогаш сфатила дека ја почитува таа желба некој да сака да се ожени со неа, но искрената желба за брачна заедница никогаш не постоела во неа. Опра и Стедман го одложиле венчавањето и повеќе не разговарале за тоа.

Некои холивудски ѕвезди изградиле негативен став за брачната заедница по нивниот развод. Актерката Дајан Кругер и актерот Гвилаум Канет биле во брак од 2001 до 2006 година. Дајан во една прилика изјавила дека бракот им се распаднал затоа што нивните кариери секогаш ги воделе на спротивните краеви од светот, а таа денес тврди дека никогаш нема повторно да се омажи.

“Верувам во преданоста која се создава во срцето. Не постои ниту еден лист хартија што ќе ве натера да останете во брак”, вели 41-годишната актерка.

Со нејзиното мислење се согласува и 70-годишната Сузан Сарандон, која од 1967 до 1979 година била венчана за актерот Крис Сарандон.

“Никогаш повеќе не се омажив по првиот развод. Научив дека врските се како организми, тие мораат да се менуваат и да растат. Не можете да ги доведете до одредено ниво и да пробате да ги одржите такви какви што се во тој момент“, смета Сузан.

Нејзината колешка Дајан Китон никогаш не била мажена. Таа признава дека им се воодушевува на луѓето кои можат целиот свој живот да го поминат со некого и да бидат лојални кон една личност, но дека таа не би можела:

“Би морала да правам премногу компромиси, а тоа не го сакам”, вели Китон.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk