Д-р Оз: Слабејте според вашиот вид на метаболизам

Точка

13/09/2017

10:41

970

Големина на фонт

а а а

Доколку честопати имате потреба за слатки или солени грицки, тоа е можеби поради вашиот единствен тип на метаболизам кој влијае врз вашите прехранбени желби.

Д-р Оз препорачува исхрана според три типа на метаболизам. Кога ќе започнете да се храните според својот вид на метаболизам, не само што ќе го изгубите вишокот килограми туку и ќе се чувствувате подобро и поздраво. 

Три типа на метаболизам

Храната која ја избирате е всушност одбрана од вашиот метаболизам. Тоа значи дека истите намирници кои ви одговараат вам, кај друга личност можат да предизвикаат замор и надуеност. Постојат три главни типа на метаболизам: А, Б и Ц и секој има потреба од посебна комбинација на протеини, масти и јаглехидрати на менито. За сите три типа на метаболизам се препорачува консумација на многу овошје и зеленчук.


Тип на метаболизам А

Доколку сте тип А, вие сакате солени и масни јадења како чипс, а честопати сте склони кон тегоби и умор. Вие имате силен апетит, а вашиот метаболизам троши протеини и масти многу побрзо отколку јаглехидрати. Вашата желба за солена и масна храна е всушност потреба за протеини.

Вашиот оброк во денот би требало да изгледа вака:

• 50% протеини

• 30% масти

• 20% јаглехидрати

Консумирајте немасно, темно месо како што е говедското или мисиркино месо, или туна и лосос. Овие намирници содржат висок процент на состојки кои ги штитат крвните садови. Купувајте млечни производи кои содржат барем 2% маснотии, а избегнувајте ги компирите и белиот леб.


Тип на метаболизам Б

Доколку припаѓате на оваа категорија, вие честопати имате несовладлива желба за слатки, од сладолед преку кекси па сè до колачи и торти. Имате релативно слаб апетит, чувствителни сте и понекогаш чувствувате голем стрес. Доколку сте тип Б, најдобриот оброк за вас е оној кој содржи низок процент на масти, малку протеини, здрави јаглехидрати и многу овошје и зеленчук.

Вашиот оброк во денот би требало да изгледа вака:

• 70% јаглехидрати

• 20% протеини

• 10% масти

Јаглехидратите кои ги консумирате треба да бидат од цели житарици како што е јачменот, интегралниот ориз и интегралниот леб. Одберете бело месо и бела риба како што е бакаларот. Исто така, во исхраната вклучете билни протеини како што е леќата и леблебијата. Консумирајте немасни млечни производи како што се сирењето, јогуртот и млекото, а кафето заменете го со шолја црн или зелен чај.


Тип на метаболизам Ц

Доколку не можете да одредите дали сте тип А или Б бидејќи сакате и слатки и солени јадења подеднакво, веројатно припаѓате во категоријата Ц. Ваквиот тип на метаболизам се карактеризира со осцилации во апетитот, повремен умор, тегоби и нервоза и во одредени периоди од животот, проблем со контрола на тежината. Тип Ц има способност да ги разградува протеините, мастите и јаглехидратите подеднакво брзо, што е и причина зошто се јавува желба и за слатка и за солена храна.

Вашиот оброк во денот би требало да изгледа вака:

• 33% протеини

• 33% масти

• 33% јаглехидрати

За вашето мени изберете комбинација од полномасни намирници и оние со помалку масти, како што се сирењето, јогуртот и маслиновото масло. Комбинирајте темно и светло месо како што се живина, говедско месо, лосос и бакалар. Последниот дел од вашата чинија би требало да содржи здрави јаглехидрати, вклучувајќи разновидни цели зрна и скробен зеленчук.



Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk