Дали е ова најубавиот пентхаус во Мајами?

Точка

12/09/2017

15:27

1.300

Големина на фонт

а а а

Доколку сте во потрага по дом од соништата, овој спектакуларен пентхаус во Мајами се смета за вистинска драгоценост во круната на облакодерот Regaila.

Пентхаусот се протега на трите највисоки катови на овој ексклузивен резиденцијален комплекс и е ставен на продажба по цена од 39 милиони долари. Сепак, новите сопственици на овој луксузен дом ќе добијат и подарок за вселување, доколку се одлучат да го купат. 


Тие ќе добијат ултра-редок розов дијамант кој има вредност од половина милион долари, што делува како вистински шлаг на тортата. Дизајниран и во потполност опремен од страна на дизајнерот Чарлс Алем, овој луксузен дом со површина од 1.700 м2 нуди шест спални соби, вклучувајќи и две мастер спални соби со вградени барови.


До секој кат на овој пентаус може да се стигне со помош на приватен стаклен лифт, вклучувајќи го и покривот кој е опремен со бар и каскаден водопад со прекрасен базен. Среќните сопственици на овој пентхаус ќе можат да уживаат во главната спална соба со површина од 150 м2, со прекрасни детали од каменот наречен Calcutta Gold и hi-tech паметните системи, а тука се и сауната, хидротерапијата, џакузито и грејачите за крпи.


Овој пентхаус се одликува со лебдечки скали од камен, како и лустер со повеќе од 225 сјајни стаклени украси. На располагање е и винарската визба со илјада шишиња, а вреди да се спомене и просторот за играње од 110 м2, како и домашното кино со совршено тапацирани седишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk