5 тајни на вашата љубовна врска кои не треба да ги откривате пред другите

Точка

12/09/2017

13:45

1.715

Големина на фонт

а а а

Честопати, своите радосни и тажни моменти ги споделуваме со другите, но постојат работи кои сепак треба да се задржат за себеси, посебно кога истите се однесуваат на љубовната врска.

Во продолжение, прочитајте ги петте теми на кои не треба да ги споделувате деталите од вашиот интимен живот со останатите. 

Чувства и тајни

Претераната отвореност може да биде болна за вашиот партнер бидејќи тој во доверба ви ги кажува своите најдлабоки тајни. Одредени информации не се наменети за туѓите уши, затоа чувајте ги за себе.

Кавги и расправии

Во секоја врска постојат расправии, но тие се однесуваат само на вас двајца. Големи се шансите да го надминете проблемот кој го имате и да си простите еден на друг, но вашите пријатели или семејство уште долго ќе чувствуваат грубост и непристојност кон вашиот партнер.


Интима

Вашата спална соба е резервирана само за вас двајца. Во спротивно, ја доведувате во опасност довербата на партнерот, доколку имате навика да ги споделувате своите интимни детали со другите личности. Пробајте да се ставите во негова кожа и да сфатите како би се чувствувале вие на негово место.

Финансиски проблеми

Доколку ви е потребна финансиска помош, најпрвин разговарајте со партнерот, а потоа заедно размислете кој следен чекор ќе го преземете.


Маани и недостатоци

Со текот на времето ќе се навикнете и помирите со сите маани на вашиот партнер, затоа не е добра идеја постојано да се жалите кај вашите пријатели или семејство.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk