Утринските навики се клучни за Вашето расположение

Точка

12/08/2017

12:25

1.175

Големина на фонт

а а а

Истражувањата покажуваат дека, без оглед на тоа дали сте „утрински тип“ или не, утринското расположение влијае врз продуктивноста во текот на целиот ден.

Доколку се разбудите лошо расположени, веројатно тоа чувство ќе Ве следи во текот на целиот ден. Од друга страна, ако се разбудите добро расположени, веројатно ќе бидете продуктивни и ќе се чувствувате среќно и корисно. 

Истражувачите во новата студија пронашле емоционални и општи здравствени предности кај луѓето кои биле „утрински“ типови. Од друга страна, „ноќните птици“ кои биле присилени да стануваат рано наутро, главно биле во расчекор со вообичаениот дневен распоред.

Експертите наведуваат дека наместо да го одложувате алармот и да станувате мрозоволни, можете да промените неколку работи во својот живот и да започнете да уживате во утрата.


Ако одлучите да ги следите советите на експертите, треба да легнете во кревет неколку часа порано од вообичаеното. Експертите истакнуваат дека тоа ќе ја подобри Вашата емоционална состојба, а и полесно ќе станувате наутро.

Со цел да ги зголемите шансите за уживање во денот, потребно е да создадете здрави утрински навики. Тие истакнуваат дека една од најздравите утрински рутини е појадокот кој ќе Ви помогне да го поттикнете метаболизмот и ќе Ви даде енергија која е неопходна за остатокот од денот.

Ако се будите лошо расположени, истражувачите советуваат да медитирате и за тоа време да размислувате за добрите работи во Вашиот живот на кои можете да бидете благодарни. Исто така, тие советуваат денот да го почнете со вежбање.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk