Кралицата забранила: 3 намирници кои Кетрин Мидлтон не смее да ги јаде и пие

Точка

12/08/2017

11:25

6.632

Големина на фонт

а а а

Кетрин Мидлтон, како и останатите членови на кралското семејство мора да се придржуваат кон одредени правила кои се дел од традицијата на британската монархија, а на нив посебно внимава и кралицата Елизабета. Под тие правила спаѓаат и намирниците кои војвотката Кетрин не смее да ги консумира.

Секогаш кога Кетрин и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам вечераат во ресторани, тие мораат да се придржуваат кон строги правила и да не нарачуваат одредени намирници. 


Првенствено тоа се однесува на морски плодови, со цел да ја избегнат можноста од труење со храна, а кога се во посета на странски земји, тие не смеат да консумираат ниту слабо печено месо и вода од чешма, исто така од причина да избегнат било каква опасност од нарушување на нивното здравје.

Во согласност со одредбите на кралицата, овие три намирници не смеат да ги јадат и пијат ниту другите членови на нејзиното семејство кои се најблиску до престолот.

И покрај инсистирањето на Елизабета членовите на нејзиното најблиско семејство да се придржуваат кон овие прехрамбени правила, познато е дека принцот Чарлс повеќе пати ги игнорирал овие правила и во неколку наврати е забележан како ужива во консумирање на школки.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk