Оваа исхрана го намалува ризикот од рак на дојка за 40 отсто

Точка

11/08/2017

12:33

1.305

Големина на фонт

а а а

Научниците во новата студија за Светскиот фонд за истражување на ракот утврдиле дека медитеранската храна го намалува ризикот од рак на дојката за 40 отсто, пренесуваат медиумите.

Бидејќи во медитеранската храна се консумираат намирници богати со хранливи супстанци, како што се јаткасти плодови, овошје, зеленчук, риба, цели житарки и маслиново масло, таа може да го намали ризикот од мозочен удар и срцеви болести. 

Оваа исхрана е посебно делотворна во намалување на ризикот од ЕР-негативниот рак на дојка, кој обично се јавува во постменопаузата и кој не може да се лечи со помош на хормонска терапија.


Водичот на студијата, проф. Пит ван ден Брант открил дека ризикот од рак бил намален кај жените кои биле подложени на ваков вид на исхрана, а не живееле во медитеранските земји. Во студијата, објавена во списанието International Journal of Cancer се наведува исто така дека тој вид на рак на дојката обично има полоши прогнози од другите. 

Во истражувањето кое траело 20 години, научниците проучувале 62.573 жени на возраст од 55 до 69 години. Внимателно се следела нивната исхрана во која внесот на црвено месо, слатки и рафинирани житарки (леб и ориз) бил низок. Во медитеранската храна консумацијата на алкохол е умерена, но сметајќи дека алкохолот влијае врз појавата на рак на дојка, тој бил исклучен од студијата.

Рак на дојка добиле 3.354 жени, но 1.033 не биле вклучени во анализата, бидејќи претходно биле болни или не се придржувале целосно кон планот на исхраната.

Откриено е дека консумацијата на јаткасти плодови, а потоа и овошје и риба, посебно поволно влијаело на намалување на ризикот од ЕР-негативниот рак на дојка. Научниците дошле до заклучок дека таквиот вид на рак на дојката може да се намали за третина (32,4 отсто), а останатите видови за 2,3 отсто, кога сите би се одлучиле на ваков вид на прехрана.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk