Ентериер: Скандинавски стан со совршена елеганција

Точка

11/08/2017

10:49

1.398

Големина на фонт

а а а

Овој гостопримлив скандинавски стан се наоѓа во срцето на Гетеборг во Шведска, на третиот кат на многу интригантна градба.

Поголемиот дел од нејзиниот оригинален шарм е сочуван за време на редизајнирањето на овој стан, па неговите сопственици ќе имаат можност да уживаат во високите тавани, квалитетните дрвени подови, бордурите, медалјоните и радијаторите од леано железо, кои се вистинска реткост. 

Во ходникот на станот, Ве поздравуваат белите ѕидови и подови со нежни бои, кои Ве водат до убавата дневна соба, која се отвора кон балконот и која веднаш станува центар на Вашето внимание.

Распоредот на кујната и трпезаријата е оптимален избор за оние кои сакаат да ги поканат своите пријатели на вечера и да уживаат во организирање на забави. Од малата тераса, гостите кои ќе уживаат во чаша вино, имаат можност да уживаат и во погледот на зајдисонцето и околината.

На другата страна на овој стан, во тивкиот и интимен двор се наоѓа главната спална соба, каде атмосферата е тивка и мирна, идеална за одмор. Сама по себе, собата е прилично голема, така што огромниот кревет лесно го пронашол своето место во неа, со катче за читање и мала работна маса. На десната страна на ходникот се наоѓа втората спална соба која исто така е со поглед кон дворот.

Можеме слободно да кажеме дека овој стан е олицетворение на префинетост и инспирација. Уживајте во галеријата од фотографии!





Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk