5 мали лаги кои родителите пречесто ги изговараат, а не би требало

Точка

11/08/2017

09:12

1.648

Големина на фонт

а а а

Понекогаш на родителите им е поедноставно да кажат ситна лага отколку да одолговлекуваат и да се расправаат со децата. Но, таквите лаги знаат неприметно да се претворат и во честа навика.

Во продолжение, Ви откриваме пет мали лаги кои родителите редовно им ги кажуваат на своите деца, а не би требало. 

“Ти ветувам дека нема да те боли”

Со оваа лага се послужил секој родител барем еднаш во животот, и тоа најчесто во текот на посетата на доктор. Врисокот и плачот се составен дел од вакцинирањето на детето, а со цел родителите да го смират, често ја изговараат оваа лага.

Наместо тоа, обидете се да му објасните на Вашето дете дека малку ќе заболи, но дека набрзо ќе биде готово и дека ќе заборави на тоа.

“Паркот повеќе не работи”

Секако дека паркот нема работно време, но нема потреба да му кажете на детето дека е затворен или дека веќе нема никој таму.

Наместо тоа, кажете му ја вистината дека моментално имате други обврски и дека едноставно немате време да го однесете. Можеби ќе се жали, но ќе сфати дека не може секогаш да биде по негово.


“Време е за спиење”

Моментално е 19 часот и 30 минути, а времето за нивно легнување е по 20 часот. Но, оваа лага е многу краткотрајна бидејќи децата ќе почнат да го сфаќаат поимот за време и ќе започнат да Ви приговараат поради оваа мала лага.

Наместо тоа, изразете се поразлично. Кажете им дека е време за подготовка за креветот и настојувајте да ја правите оваа рутина секој ден во исто време.

“Доаѓам за една минута”

Сите ние го кажуваме ова, но ретко кој од нас навистина пристигнува во точната временска рамка. Секако дека намерата на родителите е секогаш добра, но оваа лага е непотребна.

Едноставно кажете им на децата што правите и кога ќе бидете готови со тоа, бидејќи постои шанса тоа да трае и подолго од една минута.


“Заминувам без тебе”

Оваа лага воопшто нема смисла да ја изговарате, бидејќи неа може да ја откријат и малите деца. Обидите за ваквите “празни закани” ретко на кој родител му успеале на долг рок.

Наместо тоа, кажете му на детето дека доколку не тргне веднаш, подоцна нема да може да го гледа цртаниот филм или слично. Децата тогаш ќе Ве послушаат, бидејќи Вашите зборови имаат одредена тежина.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk