После аферата со кокаинот, Ким повторно на мета: Таа ја облекла својата четиригодишна ќерка во фустан со корсет...

Точка

15/07/2017

00:07

5.322

Големина на фонт

а а а

После аферата со кокаинот, Ким Кардашиан повторно мора да им се оправдува на обожавателите...

Ријалити ѕвездата се најде на удар на критичарите откако нејзината ќерка Норт била забележана на прошетка во Њујорк облечена во портокалов слип фустан со бел дел којшто на некои им наликува токму на корсет.

Токму поради нападите од страна на обожавателите коишто ја преплавија интернет мрежата и ја осудија мајката сметајќи дека начинот на којшто се облекува нејзината 4-годишна ќерка е непримерен и премногу провокативен, и самата Ким набрзо се обратила до јавноста, очигледно чувствувајќи потреба за да се оправда.


- Никогаш не би ја облекла својата ќерка во вистински корсет! Фустанот којшто и' го купив е всушност памучен и украсен такашто наликува на корсет. Тоа е само декорација, напишала Ким под видео записот во којшто го снимила спорниот фустан со лажен корсет.


Инаку, малата Норт веќе неколку пати е забележана во брендирана и скапоцена облека, за што е секако задолжена нејзината мајка, а се работи за парчиња облека какви што денес ретко кој би можел да си ги дозволи.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk