Има две породувања зад себе, а на телото ниту грам целулит! И во четвртата деценија изгледа фантастично...

Точка

14/07/2017

13:35

7.162

Големина на фонт

а а а

Таа е дефинитивно најпопуларниот ангел на Викторија којшто и тоа како владее со светските модни писти веќе повеќе од една деценија.

Алесандра Амбросио моментално ужива на плажите на Ибица, а во овој костим за капење таа со сигурност ги привлекла сите погледи!

36-годишната Алесандра овојпат “се вовлекла” во бронзен едноделен костим за капење покажувајќи ни ја по којзнае кој пат својата беспрекорна фигура во едно неформално издание.


И иако има веќе две породувања зад себе и веќе добро е навлезена во четвртата деценија од животот, оваа секси Бразилка на своето тело нема ниту еден грам несовршеност!


И иако за некои работи таа никогаш не проговори јавно, евидентно е дека има направено корекција на градите, но и покрај тоа, таа изгледа сосема одлично и што е најважно – сосема природно, без никакви претерувања.


Таа и покрај бројните обврски околу двете мали деца, очигледно наоѓа време и за да се грижи за својот изглед. А тоа на неа и тоа како е видливо. Па, нека Алесандра биде пример и поттик за тоа дека трудот за некои работи секако е исплатлив. А тоа значи дека ако преку целата година внимаваме на нашата исхрана и се грижиме за нашиот изглед, оние десетина дена на плажа, изминати токму во костим за капење, за нас ќе претставуваат вистинско задоволство.


Ако пак ве заинтригира нејзиниот костим за капење, исто колку што е интригантна и нејзината заносна фигура, и тој е со потписот на Алесандра, од нејзината колекција Ale by Alessandra и има прилично импресивна цена од околу 170 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk