Се породила во авион и нејзиното бебе добило најубав подарок за цел живот!

Точка

19/06/2017

22:00

2.657

Големина на фонт

а а а

„Патничката на 10.500 метри надморска височина роди момче“, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.

На меѓународен комерцијален лет на авиокомпанијата Jet Airways, 20 – годишна Индијка родила момче кое како подарок добило доживотно бесплатно патување со оваа авиокомпанија.


Неименуваната жена се породила на летот на Boing 737, додека авионот превезувал 162 патници од Дамам во Саудиска Арабија до Кочи во Керала, Индија.

„Патничката роди машко дете на надморска височина од 10.500 метри“, се вели во соопштението на авиокомпанијата и се наведува дека болничарите и персоналот во авионот помогнале при пораѓањето.


Авионот поради овој настан го променил правецот и слетал во Мумбаи, од каде што мајката и новороденчето биле превезени во болница, а претставниците на болницата во Мумбаи изјавиле дека мајката и бебето се добро, пренесува АФП.

Jet Airways во соопштението навеле дека ова е прв пат да се роди бебе на лет од нивната авиокомпанија и дека поради тоа на детето му е обезбедено доживотно бесплатно патување на летовите од оваа компанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг