Париз: Почина возачот што удри во полициско возило

Макфакс

19/06/2017

20:00

535

Големина на фонт

а а а

Возачот на автомобилот што удри во комбето на француската жандармерија починал од здобиените повреди.

Откако удрил во комбето на жандармеријата на париската улица Шанзелизе, автомобилот експлодирал и се запалил. Во инцидентот нема повредени полицајци.

Париската полиција покренала истрага, и се верува дека се работи за терористички напад, бидејќи во возилото се пронајдени калашников, пиштоли и димни бомби. 

Околу прометната Шанзелизе е зголемена безбедноста, со препорака до граѓаните да го избегнуваат центарот на Париз.



Спонозорирани линкови

Маркетинг