Контра-реакција на ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го оствари ветеното

Макфакс

19/06/2017

19:59

520

Големина на фонт

а а а

СДС ја има одговорноста да ја води Владата и да ги решава проблемите на граѓаните, а не да глуми опозиција и да бега од одговорност.

Залудни се обидите на СДС со политиканство и безпредметни реакции да ја избегне одговорноста од погубната и деструктивна политика која ја водат во образовниот систем на Република Македонија.

СДС им ја укинa можноста на голем број студенти да можат своето високо образование да го стекнат во своето непосредно опкружување и со тоа на голем број на семејства ќе им ги зголеми трошоците за студирање на своите деца, а на некој дури и ќе им стави крај на плановите за едукативен развој во животот, тоа е реалноста и од тоа СДС неможе да избега.

СДС ветуваше дебата за секое поважно прашање во општеството, а гледаме како укинуваат мерки и проекти кои вродиле со плод без за тоа да ги консултираат граѓаните.

Граѓаните од СДС очекуваат реални мерки и проекти, остварување на ветеното, 16.000 денари минимална палата, 30.000 денари просечна плата, 100.000 денари плата за лекарите, нови 500 километри автопат и 30.000 денари на крајот на годината од поврат на ДДВ. Наместо тоа граѓаните секојдневно се соочуваат со укинувања, уривања и блокирања, тоа е истиот оној препознатлив СДС од 90-те години на минатиот век, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Лука Кржалоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг