МВР: Двајца тинејџери осомничени за кражби во автомобили во Скопје

Макфакс

19/06/2017

19:19

951

Големина на фонт

а а а

Двајца тинејџери од Кавадарци и од Скопје се осомничени за повеќе тешки кражби во автомобили што беа извршени минатиот месец во гаражи низ Скопје.

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против А.В. (18) од Кавадарци и Р.М. (17) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршиле 11 тешки кражби во патнички моторни возоила, пет кражби во обид и две кражби на велосипеди. На тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 110.500 денари, а предизвикале и голема материјална штета.

Според информациите на МВР, пријавените ги извршиле кражбите на 25 мај, во периодот од 04 до 06.30 часот, во гаражите од зграда на ул. „Димче Мирчев“ бр. 20. 

„Истите, со употреба на соодветен алат, насилно влегле внатре и отвориле вкупно девет возила, додека пребарување извршиле во внатрешноста од пет возила при што пронашле и одзеле околу 500 денари, една кошула, очила, навигациски уред, мобилен телефон и други предмети. Покрај предметите од возилата, пријавените од гаражата одзеле и два велосипеди“, соопшти МВР. 

Во саботата првопријавениот А.В. е приведен и со него е извршен разговор во кој истиот го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. 

Од МВР велат дека преземаат дополнителни мерки и активности во насока на расчистување на други кражби во автомобили извршени на подрачјето на град Скопје во затворени паркинг простори и на други локации, по што ќе бидат доставени соодветни поднесоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг