Седум трикови за убавина кои Ви се потребни кога доцните

Точка

19/06/2017

18:23

1.057

Големина на фонт

а а а

Овие трикови за убавина ќе Ви заштедат време, посебно кога тоа Ви е најпотребно.

Заборавете на силните нијанси на кармини 

Иако кармините во впечатлива нијанса се секогаш одличен избор, тие не се најдоброто решение кога доцните. Земете го со себе карминот во Вашата омилена неутрална нијанса, кој можете да го нанесете и во лифтот, таксито или додека чекате да се вклучи зеленото светло на семафори.

Наместо ајлајнер – размачкајте ја маскарата 

Можеби звучи како чуден совет, но ова ќе Ви заштеди многу време при шминкањето на очите. Нанесете маскара како и обично, а потоа размачкајте ја со четкичка (токму како што тоа го правите и со ајлајнерот).

Планирајте го Вашето шминкање

Добрата шминка зависи од инспирацијата, но нејзината основа е секогаш припремата. Затоа, анализирајте ја својата мејкап рутина и размислете кој чекор Ви одзема најмногу време. Потоа, тој чекор заменете го со некоја побрза варијанта и кога доцните, посегнете по планот Б за шминкање.

Скратете ја утринската нега на кожата

Секогаш кога доцните, имајте при рака еден мултинаменски производ како што е мицеларната вода која заменува неколку козметички препарати.

Набавете си мултинаменска четка

Наместо Вашата мејкап торбичка да ја преполнувате со различни четки, набавете една мултинаменска четка со која ќе можете да нанесувате руменило, бронзер и хајлтајтер во исто време. 

Брзо контурирање

Во моментите на доцнење, заборавете на сложеното контурирање и посегнете по еден производ кој ќе ја заврши целата работа. Набавете стик за контурирање кој содржи посветла и потемна боја, за истакнување на цртите на лицето.

Еден слој лак за нокти е сосема доволен

Заборавете на базата, завршниот слој или лакот во боја во повеќе слоеви. Наместо да губите време, ноктите налакирајте ги во еден слој, ставете ги под млаз студена вода за побрзо сушење и спремни сте за новиот ден.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk