Маса: Најдобро за Алонсо е да замине

КРУГ.МК

19/06/2017

17:17

264

Големина на фонт

а а а

Фернандо Алонсо има навистина ограничен избор за следната година, а многумина веруваат дека е можно да премине во американската ИндиКар серија откако годинава се тркаше на престижниот Индианаполис 500.

Фелипе Маса беше тимски колега на шпанецот во Ферари и смета дека е најдобро за Алонсо да ја напушти Формула 1.

„Фернандо се жали на Формула 1 затоа што нема добар и конкурентен болид. Во моментов Формула 1 е иста како и онаа од 1980-тите години.

Мислам дека иднината на Фернандо зависи од многу работи, но сметам дека ако не се забавувате најдобро е да заминете. Изгледа дека тој повеќе не ужива во моментов и можеби најпаметно е да си замине. Можеби ќе мине во друга екипа или ќе се реши за некаков предизвик надвор од Формула 1, тоа никој во моментов не го знае.

Либерти го движи спортот во правилна насока за да привлече колку што е можно повеќе луѓе иако заостатоците помеѓу Мерцедес и Ферари како најдобри тимови и останатите е преголем. Малите тимови треба да добијат поголеми можности, но тоа не може да се случи се додека не биде потпишан нов Конкорд договор во 2020 година“, објасни Маса за шпански El Confidencial.



Спонозорирани линкови

Маркетинг