Словенија во шок: Познатиот актер заклан во својот стан, убиецот сам повикал полиција

Точка

19/06/2017

15:33

9.906

Големина на фонт

а а а

Словенија била шокирана од насилната смрт на Гашпер Тич, актер и претседател на националното Друштво на драмски уметници, кој во неделата под неразјаснети околности во неговиот стан на Трубарова улица во центарот на Љубљана, со нож бил убиен од 20-годишник.

Полицијата потврдила дека било пронајдено безживотно тело на маж во стан во центарот на Љубљана, но не сакала да објави повеќе детали за околностите на смртта. Медиумите пишуваат дека Тич, чија смрт ја потврдил претставникот на Градскиот театар во Љубљана, бил во стан со 20-годишен маж со кого гласно се расправал. 


Според една од верзиите на приказната која ја објавиле медиумите, соседите слушнале бука по што повикале полиција, доедка според друга приказна, убиецот самиот повикал полиција и го признал злосторството. 


Тич бил убиен со остар предмет, според некои наводи нож, а медиумите пишуваат дека на актерот му бил пресечен гркланот. 


Осомничениот за убиството на словенечкиот актер Гашпер Тич се наоѓа во притвор, пренесува денес словенечката новинска агенција STA, но идентитетот на убиецот не е соопштен. 


Тич бил еден од најпознатите актери на младата генерација во Словенија. Роден во 1973. година во Копер, со актерство се занимавал од 1991. година, а бил и претседател на Здружението на драмски уметници на Словенија. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг