Истражете ги длабочините со првиот бежичен подводен дрон

Точка

19/06/2017

15:10

987

Големина на фонт

а а а

"BIKI" е првиот подводен дрон на светот кој што воедно е единствениот подводен робот со карактеристики како што се автоматизирана рамнотежа, избегнување на препреки и враќање во базата.

Со овој интелигентен робот во облик на риба, во иднина ќе можете да ги истражувате длабочините и подводниот свет од сосема поинаква перспектива. Станува збор за производ на млада кинеска компанија која што сака да се докаже и да стане светски познат бренд.

Со оглед на тоа што е бежичен, со него ќе може лесно да се управува и од поголеми далечини. Овој мал дрон содржи квалитетна камера со висока резолуција која што овозможува фотографирање и снимање на видеа во 4К резолуција, има капацитет од 32 GB, опремен е со GPS локатор, а има и опција за автоматско враќање во својата база.


Со едно полнење "BIKI" може да „нурка“ 120 минути до длабочина од 60 метри. Овој дрон се уште не е достапен на пазарот, меѓутоа има доста успешна кампања на Kickstarter. Според некои информации, еден ваков дрон би чинел од 600 до 1000 долари.



Спонозорирани линкови

Маркетинг