Во трговијата се појави опасна комбинација на карагенан: Адитивот кој предизвикува рак се наоѓа во голем број намирници, погледнете ја листата

Точка

19/06/2017

14:05

5.420

Големина на фонт

а а а

Во целиот регион па и кај нас започнаа да се продаваат т.н. "здрави" сладоледи без шеќер, без глутен и вештачки додатоци. Сепак, во овие сладоледи има карагенан, адитив од црвената листа на Е-броеви, оние за кои експертите од Центарот за прехранбени адитиви изјавија дека треба да се избегнуваат.

Истиот овој адитив кај животните предизвикува сериозни нарушувања.

Со пребарувањето во PUBMedia, архива на здравството во која американскиот Центар за медицинска литература и Националниот институт за здравје ги објавуваат своите здравствени истражувања можат да се најдат голем број на студии. 

Некои од нив укажуваат на потенцијалната штета од овој адитив, додека други наведуваат дека не е штетен доколку се користи во умерени количини. Но истражувањата од 1982-ра година до денес откриваат дека карагенан има канцероген потенцијал кај животните.


Животните развиле тумори во цревата

"Кога на лабораториските глувци им беше дадено да конзумираат карагенан тие развија тумори во цревата. Овие наоди доведоа до Агенцијата за истражување на тумори (IARC) деградираните карагенан адитиви да ги означи како "2B" односно како можни причинители за рак кај луѓето. И во другите истражувања извршени над глодари постојат јасни докази дека разградениот карагенан може да предизвика чир и неоплазма" - пишува во трудот објавен во Националниот американски центар за биотехнологија.

"Јасно е дека постојат значајни економски интереси кои ги има прехранбената индустрија. Во САД, Агенцијата за храна и лекови ги игнорираше штетните последици од карагенан изминативе 20 години, но дојде време повторно да се оцени потенцијалот на неговите штетни ефекти", изјави д-р Џоан Тобакмен од медицинскиот факултет во Ајова.

E407 карагенан е природен хербален згустнувач и средство за менување на конзистетност. По својата хемиска структура тој е линеарен сулфатиран полисахарид кој се добива од црвени морски алги. 


Карагенан е несварлива супстанција која го подобрува варењето на храната, а од организмот се излачува во непроменет облик. Големи количини делуваат лаксативно и може да ја попречат апсорпцијата на одредени минерали (на пр. Калиум).


Може да предизвика рак и Кронова болест

"Во некои случаи може да предизвика алергија. Иако во намирници смее да се додава според правилото quantum satis, откриено е дека во некои производи може да го контаминира етилен-оксид-от, поради што настануваат етилен-хлорохидрини, високо канцерогени соединенија. Истражувањата врз експериментални животни покажале дека разградените производи со карагенан, кои се јавуваат под влијание на висока температура и киселост, предизвикуваат улцерација на гастроинтестиналниот тракт и може да доведе до канцерогени промени или да предизвика настанување на Кронова болест. Затоа Научниот комитет за безбедност на храната на Европската комисија ѝ препорача дека износот на деградациски производи од карагенан не смее да биде повеќе од пет проценти од вкупната маса."


"Избегнувајте го!" - наведуваат експертите. Тие предупредуваат дека овој додаток не треба да им се дава на новороденчиња ниту да се најде во исхраната за доенчиња и мали деца. 


Тој се наоѓа во голем број намирници

"Се употребува во пастеризирана павлака, млеко во прав и концентрирано млеко. Се употребува и во пекарските производи, колачите и бисквитите, мајонезот, маргаринот, бонбоните, смесите за полнење, преливи, прашоците за пудинг, шлагови, десерти, безалкохолните освежителни пијалоци, базите од агруми, концентратите за супи и сосеви, некои зачини, грицките од житарици и компир, сенфот и додатоците на исхрана", изјавиле експертите и истакнуваат дека производителите на сладолед сепак не го кршат законот бидејќи карагенанот е дозволен во умерени количини. Сепак, тие советуваат да ги читате составите на сите производи пред да ги ставите во уста и доколку прочитате дека имаат карагенан да ги избегнувате. 


Дел од научниците во светот тврдат дека прехранбената индустрија во своите производи трупа рафиниран карагенан. Д-р Џоан Тобакмен вели дека постои разумно сомневање дека овој адитив може да доведе до низа болести како воспаление на дебелото црево и дијабетис. 

Таа исто така тврди дека карагенанот осбено деструктивно влијае врз дигестивниот систем, а некои научници велат дека долготрајното конзумирање на овој адитив води кон хронични воспаленија, што во некои случаи може да доведе и до рак на органите во дигестивниот систем. 


Каде сѐ може да се најде карагенан?

во сладоледите и колачињата

во готовите супи

во готовите десерти (колачи, пудинзи, чоколади, желе производи)

во мармаладите и џемовите

во пивото

во сенфот

во млекото од соја

во млечните производи 




Спонозорирани линкови

Маркетинг