Оваа жена го има најшарениот апартман кој сте го виделе некогаш, на кој и еднорозите можат да ѝ позавидат

Точка

19/06/2017

12:17

1.878

Големина на фонт

а а а

Amina Mucciolo живее шарен живот. Барем додека е во нејзиниот апартман. Дизајнерката го разбранува интернетот откако го објавила својот апратман трансформиран во виножито.

Светло виолетови ѕидови, фиокарници во пастелни бои, цветен ѕид, "hello kitty" микробранова печка и шарени купчиња хартија кои висат од таванот и ѕидовите - апартманот ја одразува самата Амина која има и шарени плетенки, носи шарена облека и се шминка во разнобојни светкави нијанси.


"За мене многу е значајно местото во кое што живеам да биде одраз на мене и мојата личност, а исто така и на мојот сопруг", изјавила Амина за Daily Mail.


"Ние сакаме нашиот простор да биде забавен, да зрачи со среќа и да инспирира" - па не е изненадување што оваа жена инспирира 161 илјади следбеници на Инстаграм секој ден!

Доколку сте воодушевени, можете да ја следите и вие на Инстаграм




Спонзорирани линкови

Маркетинг