Лекција за самодоверба: Што се крие зад совршените бедра на Инстаграм?

Точка

17/06/2017

14:02

3.803

Големина на фонт

а а а

Инспиративната објава на Инстаграм на познатиот фитнес модел и блогерка, Имре Чечен повторно докажа како девојките на социјалните мрежи честопати не се природни, а широките бедра на работ од базенот едноставно не можат да бидат поинакви.

Како и мноштвото работи на популарните социјални мрежи, а посебно на Инстаграм, ниту совршените фотографии покрај базенот не се онакви какви што се чини. А што стои позади една таква фотографија, нѝ открива фитнес ѕвездата и блогерка Имре Чечен. 

Имено, таа на својот профил објавила фотографија на која, на едната страна се забележува совршениот Инстаграм приказ на фит девојка покрај базенот, а на другата страна е претставена реалната слика.

“На сите нѝ се случува да нѝ се спојат бедрата кога ќе седнеме, без разлика на тоа во каква физичка кондиција сме или колку килограми имаме”, вели Чечен. 

“Тоа е сосема нормална работа. И затоа бидете самоуверени. Кога бедрата ќе се притиснат на подлога, тие изгледаат пошироки, тоа е едноставно така и не значи дека сте дебели”, вели фитнес моделот во својата објава.

Таа напоменува и дека за фотографијата од левата страна е потребно голем труд. Освен што се седи на самиот раб на базенот, потребно е да го вовлечете стомакот и да го притиснете долниот дел на грбот на подлогата под Вас.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk