Најдобрите модели на шорцеви според Вашиот облик на тело

Точка

17/06/2017

12:04

1.785

Големина на фонт

а а а

Топлата сезона носи денови на лесни парчиња облека, лелеави маички, блузи, шорцеви и кратки здолништа. Најчесто одбрани парчиња за носење се шорцевите без оглед на приликата, бидејќи тие изгледаат одлично и модерно, а покрај тоа, се и практични и удобни за носење.

Меѓутоа, понекогаш настанува проблем при одбирањето на вистинскиот пар шорцеви, бидејќи не секој тип одговара на секоја градба на телото. Но, со овие совети и трикови, брзо ќе го пронајдете оној кој најдобро Ви одговара и во кој најдобро изгледате. 

Доколку сакате baggy парчиња облека и нив најчесто ги носите, а со сето тоа и не сте личност која има изразени облини, тогаш одлучете се за еден пар boyfriend шорцеви. Ваквите модели се најчесто широки и рамно сечени, што ќе ги направи Вашите колкови визуелно пошироки, а тоа ќе Ви даде женственост во самиот изглед.


За девојките чија фигура потсетува на песочен часовник, односно за оние кои имаат изразени облини посебно во колковите, најдобри се шорцевите со висок струк. Тие создаваат визуелен ефект на помали облини, а воедно и го нагласуваат струкот, со што ќе изгледате привлечно и сексипилно.


Доколку имате тело во облик на крушка, Вам Ви е потребен поелегантен пар на шорцеви, кој со својот крој потсетува на мини здолниште. Високиот струк и моделот кој се шири кон бутовите ќе ги неутрализира Вашите колкови и ќе им даде убав изглед на Вашите комбинации. За потполн ефект, вовлечете ја внатре маичката или блузата која ја носите, со што ќе постигнете баланс во изгледот, но и модерен look.


Доколку сакате визуелно да се издолжите и да изгледате повитко и повисоко, потребно е да ја намалите должината на шорцевите кои ги носите. Шорцевите со низок струк и пократки ногавици визуелно ги издолжуваат нозете, а тоа е токму она што Ви е потребно.


Од друга страна, доколку сте повисоки, одлучете се за елегантни бермуди со должина над колената и рамен крој. Со нив ќе постигнете совршен баланс за својата фигура, а освен тоа, можете да ги носите со најразлични дневни парчиња и да ги комбинирате во различни стилови, од патики па сè до високи потпетици.



Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk