Што работела принцезата Дајана кога не била на должност: Фотографии кои никогаш не биле објавени

Точка

17/06/2017

11:42

6.350

Големина на фонт

а а а

Фотографиите настанале во раните 80-ти години и ја прикажуваат принцезата во ретките моменти кога не била изложена на очите на јавноста.

Аукциската куќа Литлон од Ворчестер објавила досега невидени фотографии од принцезата Дајана на кои не е на должност, лежерно облечена. 

Фотографиите настанале во раните 80-ти години и ја прикажуваат принцезата во ретките моменти кога не била изложена на очите на јавноста.

Со сопругот Чарлс и пријателите уживала на село. Според насмевката може да се види дека тоа биле денови кога таа и Чарлс биле лудо заљубени, пишува Daily Mail.

Фотографиите биле кај домаќинката на принцезата, Александра, роднина на кралицата, а биле откриени по нејзината смрт. Во саботата ќе биде организирана аукција, а се очекува фотографиите да бидат продадени по висока цена.




Спонозорирани линкови

Маркетинг