Анџела на плажа изгледала вака – Потоа, го променила начинот на живот и се трансформирала

Точка

17/06/2017

11:27

5.294

Големина на фонт

а а а

Со 154 сантиметри височина и 82 килограми, на Анџела и` се заканувале многу здравствени проблеми, па затоа решила да превземе нешто во врска со тоа.

Како што вели, постојано била уморна, а и најмалата оддалеченост за пешачење ѝ била несовладлива препрека. Анџела ги поминувала своите денови на работа, потоа со сопругот и детето пред телевизија, јадејќи нездрава храна.


Анџела инаку по потекло е од Бразил и вели дека никогаш немала проблем со килограмите додека не се преселила во Лондон и основала семејство.

„Тоа не ми пречеше. Мислев дека сум убава, и мојот сопруг мислеше дека сум убава. Но, остатокот од семејството и пријателите ме притискаа да направам нешто. Откако една пријателка успешно симна голем број на килограми, одлучив и јас да пробам“, вели Анџела. 


Таа прво почнала со диета. На секои три часа јадела мали и здрави оброци. Откако ги симнала првите неколку килограми, посакала да почне да вежба, но се срамела да оди во теретана.

„Секој ден пешачев по еден час, без разлика дали надвор имаше сонце, снег или дожд. Како што заминуваа килограмите, така станував полесна и почнав да џогирам. Потоа, кога осум месеци подоцна ослабев уште повеќе, се охрабрив да почнам да одам во теретана“, открива Анџела.


Таа драстично го променила начинот на живот, но нејзиниот сопруг и синот не се согласувале со тоа, па тоа станало камен на препнување.

„Мојот сопруг и синот не сакаа да се хранат на мојот начин, не сакаа дури ни на прошетки да доаѓаат со мене. Затоа престанав да им готвам, бидејќи морав да се заштитам себеси и мојот напредок“, рекла таа и додала дека не само што изгледала поинаку, туку и се чувствувала поразлично.


„Сакав да шетам, да планинарам, да кампувам, да се дружам, сето она што не го правев додека бев заробена пред телевизорот кого повеќе не ни го гледав“, вели Анџела и додава дека нејзините цели станале многу поразлични во однос на целото нејзино семејство. Така, после девет години брак, поднела барање за развод.

„Сега сум посреќна од било кога и работам како фитнес тренер и нутриционист. Сакам и на другите да им помогнам да изгледаат како мене“, заклучува Анџела.




Спонозорирани линкови

Маркетинг