Како новиот Андроид ќе го продолжи „животот“ на батеријата...

Точка

16/06/2017

17:30

1.484

Големина на фонт

а а а

Моментално се тестира бета верзијата на Андроид О оперативниот систем, а една од најголемите новости е воведената оптимизација на батеријата со цел да биде продолжено нејзиното траење.

Од Google за најновиот Андроид О подготвија неколку нови опции кои што ќе им помогнат на корисниците сами да ја контролираат потрошувачката на батеријата и да ги ограничат апликациите кои што смеат да останат вклучени во позадина.

Корисниците на новиот Андроид О ќе можат непотребните апликации да ги исклучат перманентно, со што тие апликации нема да работат во позадина, односно нема да трошат работна меморија и нема да ја трошат енергијата на батеријата.


Во менито за батеријата, ќе се наоѓаат опции кои што ќе покажуваат кои апликации најмногу ја трошат батеријата на телефонот, колку временски се користени и колку проценти од батеријата потрошиле. Со клик на секоја од апликациите се наоѓаат детални информации за тоа колку долго работела апликацијата колку енергија потрошила, но и колку енергија од батеријата била потрошена во позадина.

Тука ќе биде овозможена и опцијата за „Активност во позадина“ со која што со обичен „лизгач“ ќе може да биде исклучена секоја апликација која што ќе сметате дека нема потреба да работи во позадина.


Иако засега нема податоци барем од прилика колку проценти од батеријата би можеле да бидат заштедени со оваа опција, сепак, јасно е дека опцијата ќе помогне за тоа батеријата на вашиот телефон да трае подолго.



Спонозорирани линкови

Маркетинг