Мајкрософт предупредува на нови деструктивни сајбер напади

Точка

16/06/2017

15:30

782

Големина на фонт

а а а

Мајкрософт објави нов безбедносен „апгрејд“ за својот оперативен систем Windows со кој што има намера да спречи нови напади како неодамнешниот на WannaCry ренсомверот.

Од оваа компанија порачуваат дека моментално постои „зголемен ризик од деструктивни сајбер напади“, напоменувајќи дека зад нив би можеле да стојат и држави, а освен за најновата верзија на Windows, овој безбедносен апгрејд е достапен и за постарите верзии како Windows XP и Windows Server 2003.

Оваа надградба би требала на корисниците да им пружи дополнителна заштита од слични напади како оној на WannaCry.


Иако Мајкрософт поради минатомесечните напади сега објави безбедносна надградба и за софтверските верзии на кои што одамна им беше истечена поддршката, Ерик Дуер од Мајкрософт изјави дека корисниците чии што компјутери и натаму работат на таквите платформи не би требало да очекуваат нови апгрејди.

Тој им препорача на корисниците, наместо да очекуваат нови безбедносни апгрејди, да го сменат својот стар оперативен систем и конечно да преминат на Windows 10 кој што покрај тоа што е помодерен, тој е и далеку побезбеден оперативен систем.


Со оглед на тоа што експертите за интернет безбедност константно предупредуваат дека во иднина можеме да очекуваме се повеќе напади како оној на WannaCry ренсомверот кои што ќе бидат се поопасни, многу е важно секогаш да ги користите последните верзии од софтверите и да ги инсталирате безбедносните апгрејди кои што речиси сигурно ќе спречат вашиот компјутер да биде „заразен“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг