Lamborgini Huracan Spyder - ѕвер на стероиди!

Точка

15/06/2017

16:30

1.392

Големина на фонт

а а а

Далеку од тоа дека во основната верзија Huracan на Lamborgini не е опасен „ѕвер“, но најновата креација на Novitec е нешто најмоќно што сме виделе во последно време.

Со нешто посуптилна измена во надворешноста, но темелно подобрување на моторизацијата, Novitec го претстави Huracan во „топлес“ - Spyder верзија која што ќе ве остави без зборови.


Novitec открива дека само 11 среќници ќе можат да го возат овој автомобил, со оглед на тоа што на таа бројка ќе биде ограничено производството.

Секој од нив располага со моќниот мотор на Lamborghini кој што со дополнителен компресор во овој случај развива дури 840 коњски сили. Со измени во аеродинамиката и агресивен преден браник, вентилациски отвори за ладење на сопирачките, овој Huracan нема да остане незабележан на улиците.




Спонозорирани линкови

Маркетинг