Дали е ова новиот iPhone 8?

Точка

15/06/2017

17:30

1.612

Големина на фонт

а а а

Остануваат уште три месеци до претставувањето на новиот iPhone 8, а на Reddit и iDrop се објавени фотографии од можниот изглед на најновиот адут на Apple.

Тим Кук и екипата од Купертино веќе долго време се подготвуваат за претставувањето на најмоќниот модел на Ајфон досега кој што се очекува да донесе бројни новитети во однос на досегашните модели.

Деновиве беа објавени фотографии од можниот изглед на новиот iPhone 8. Имено, фотографијата ги потврдува гласините кои што се појавија претходно, според кои новиот iPhone 8 треба да има екран кој што ќе ја зафаќа целата предна површина. Покрај тоа, Home копчето го нема, односно истото е интегрирано во екранот, заедно со скенерот за отпечатоци на прсти.


Што се однесува до големината на екранот, тоа засега се уште не е точно познато, но се споменуваат димензии од 5,8 инчи. Од останатите карактеристики, iPhone 8 би требало да пристигне со најмоќниот процесор и најмоќна графика досега.

iPhone 8 ќе има врвни камери, а интересно е тоа што најверојатно ќе пристигнат со поддршка за проширена реалност, а ќе има можност за бежично полнење, препознавање на лице и слични функции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг