Официјалното претставување во петок: Фолксваген ги објави првите фотографии од новото Поло

Точка

14/06/2017

19:30

3.060

Големина на фонт

а а а

Пред во петок во Берлин да биде одржано официјалното претставување на шестата генерација на популарното Поло, Фолксваген на интернет ги објави првите фотографии од автомобилот.

Покрај тоа што го откриваат фотографиите, од Фолксваген најавуваат „харизматичен дизајн“ на новото Поло и ветуваат просторни подобрувања во внатрешноста и бројни технолошки напредни решенија.


Најновата генерација на Поло ќе биде поголема и поудобна во однос на претходниот модел кој што беше продаден во 14 милиони примероци ширум светот.

„Експресивниот дизајн го прави спортски, чист и уникатен во понудата на нашите автомобили. Совршено се вклопува во денешницата, визуелно и технолошки“, изјави првиот човек на одделот за дизајн при Фолксваген, Клаус Бишоф.




Спонзорирани линкови

Маркетинг