Девет забавни начини како да го поттикнете развојот кај малите деца

Точка

19/05/2017

13:59

865

Големина на фонт

а а а

Експертите веруваат дека првата година од животот е најважна за правилен развој и учење, но понекогаш е тешко да се пронајдат нови начини како сето тоа да го направите позабавно.

Еве неколку идеи кои можат да Ви помогнат во подобро организирање на слободното време со Вашите деца. 

Искористете го времето за читање за ново учење

Додека ги читате сликовниците, пробајте на Вашето дете да му укажувате на новите детали во приказната. Гледајте ги цртежите и зборувајте за деталите, боите и облиците. Поставувајте апстрактни прашања од типот “Зошто мислиш дека кучето го направило тоа?” или конкретни прашања како “Дали го забележа белото куче на сликата?”.

Играјте си на дождот

Скокајте во малите вирчиња. Седнете во мократа трева. Иако ова наизглед делува неуредно, тоа е забавен начин како да го научите Вашето дете да се радува на временските услови.


Пуштете го детето да биде “шеф”

Градете ја самодовербата на Вашето дете со тоа што ќе му дадете да одбере помеѓу две можности: сините или белите чинии за ручекот, црвената или жолтата маичка за носење итн. Со тоа ќе го научите да донесува одлуки, но и лесно ќе го научите на имињата на боите и предметите.

Игра со облекување

Пуштете го детето да си игра со Вашите стари кошули, зимски капи, марами или ракавици, а потоа наведете го да осмисли некоја приказна и да Ви ја раскаже со помош на облеката. Така многу подобро ќе ја изградите неговата креативност и фантазија.

Извадете ги старите играчки од кутиите

Иако Ви се чини дека Вашето дете повеќе не сака да си игра со некои играчки, извадете ги од кутиите и дајте му ги – ќе се изненадите како самото ќе пронајде нови начини за игра.

Зборувајте за чувствата

Прегрнете го детето пред спиење и прашајте го што го направило среќно или тажно во текот на денот. Што го разлутело или на што тоа е гордо? Со тоа ќе му помогнете да сфати каков бил неговиот ден, но и како и зошто се чувствувало на тој начин.

Барајте различни инсекти во паркот

Покажете му на Вашето дете различни фотографии од инсекти во природата (пеперутки, бубамари, штурци), а потоа прошетајте низ паркот и пробајте да ги најдете истите.


Извршувајте ги малите обврски заедно

Научете го Вашето дете да ги дели парчињата облека по бои или помогнете му истите да ги здипли. Со помош на тоа, детето полесно ќе стекне работна навика, но и ќе се забавува, извршувајќи ги домашните обврски.

Полесно се учи низ игра

Земете неколку чаши со различни големини и играјте си, ставајќи вода во нив. Низ игра, учете го Вашето дете за тоа кои чаши се помали, а кои поголеми. Така ќе ги научи формите и големините на предметите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk